Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, десет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење на сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.