Полицијата ги идентификуваше сите 19 тела убиени во саботата, во рускиот напад на хипермаркетот „Епицентар“ во Харков, а потрагата е завршена, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Игор Клименко.
„Завршени се работите како дел од претресот во градежниот хипермаркет во Харков. Полицијата ги идентификуваше сите 19 тела убиени во воздушните напади што ги изврши руската армија во саботата на 25 мај“, рече Клименко на каналот Телеграм.
Според него, „не било лесно“, телата на починатите деноноќно се пребарувале меѓу пепелта со помош на специјална опрема, а потоа со помош на ДНК анализа биле навремено идентификувани.