Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска вети 135 милиони долари помош за Молдавија за енергетска безбедност и за борба против наводните руски дезинформации на патот кон ЕУ.
Блинкен е во посета на Источна Европа, а денеска во главниот град на Молдавија помошта ја најави на прес-конференција со претседателката Маја Санду.
Тој рече дека 85 милиони долари ќе бидат наменети за зајакнување на енергетската инфраструктура, а 50 милиони долари се наменети за ремонт на енергетската и земјоделската индустрија и за спречување на дезинформации.