Милановиќ: Треба да бидете лојални на ЕУ, но не треба да паѓате во транс

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска го коментираше членството на земјата во Европската унија и порача дека Хрватска мора да биде лојална на она за што се согласила по своја волја, а тоа се ЕУ и НАТО, но дека, како што рече, не треба да паѓа во транс.

„Но, за да не паѓаме во транс, (…) мора да останеме ладни и трезвени. Доаѓаат кризи. Европа и светот се соочуваат со сериозна, голема криза и ние мора да гледаме да ги зачуваме нашите интереси, нашето добро и нашата благосостојба во неа“, изјави Милановиќ на новинарите во Чаковец.

Тој вели дека приказната дека Хрватска е дел од европското семејство на народи стои, но дека така било отсекогаш.