Си-Ен-Ен: Во израелскиот напад на Рафа употребено американско оружје

Американско оружје беше употребено во израелскиот напад врз кампот за раселени луѓе во Рафа во неделата, покажа анализата на видеото од местото на настанот и прегледот на експертите на Си-Ен-Ен.

Најмалку 45 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во пожар што избувна по напад на израелската армија на периферијата на најјужниот град во Газа, каде претежно има жени и деца, соопшти Министерството за здравство на Газа и палестинските медицински работници.

Си-Ен-Ен лоцираше видео снимки на кои се гледаат запалени шатори по нападот врз кампот за внатрешно раселени лица познат како Камп за мир Кувајт 1.