Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година.
„Процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници навремено, пред стартот новата учебна година“, велат од МОН.
Постапката за печатење на новите учебници започна пред две недели, велат тие, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебна електронска апликација на министерството.
„Прашањето за новите учебници го решивме системски и долгорочно. Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно-образовен процес“, соопштуваат од МОН.