Радослав Драгијевиќ (73), таткото на осомничениот за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, денеска е ослободен по двомесечниот притвор, потврди за Нова.рс обвинителот на Вишото јавно обвинителство Зајечар.
Да потсетиме, Драгијевиќ е осомничен дека му помогнал на синот Дејан да го премести телото на девојчето по убиството.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, па ставиле нејзиното тело во багажникот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.