Околу 8 часот утринава со воздушна пушка е застрелано 15-годишно девојче кај Калемегдан, во Белград.
Детето било застрелано во бутот од ногата кога тргнало на училиште.
Според српските медиуми, девојчето тргнало на училиште, а во првиот момент кога било рането, помислила дека ја удрила топка во ногата. Неколку секунди подоцна забележала крв.
Девојчето е пренесено во Институтот за мајка и дете и ја чека операција.
Тинејџерката добила прострелна рана во бутот.
Инцидентот бил пријавен во полиција по 8 часот, а истрагата е во тек.