Гром го погодил авионот во кој биле македонските одбојкари
Македонската одбојкарска репрезентација на Македонија вчера доживеала непријатна ситуација, со оглед дека удрил гром во авионот при нивниот лет од Цирих кон Скопје. Одбојкарите вчера полетаа и се враќаа во Македонија по настапот на Златната лига во Белгија, а летот од Цирих до Скопје неочекувано бил запрен по ударот на гром.
Поради ова, пилотот решил веднаш да се врати назад во Цирих каде принудно слетал. Одбојкарите се очекува денес наутро со нов лет да се вратат за Скопје.
Во саботата најдобрата македонска одбојкарска репрезентација на турнирот во Беверен, Белгија, триумфираше со 3:0 во сетови против Азербејџан во рамките од Европската златна лига.
По двата стартни порази во Струмица од Естонија и Чешка, избраниците на селекторот Хари Наковски го запишаа првиот триумф во натпреварувањето.