Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 90 земји веќе го потврдиле учеството на глобалниот мировен самит во Швајцарија закажан за 15 јуни.
„Вкупно 90 земји го потврдија своето присуство досега, а ние продолжуваме да работиме со светските лидери за да обезбедиме уште поголемо учество“, рече Зеленски, а пренесува „Европска правда“.
Тој изрази благодарност до шпанскиот премиер Педро Санчез што го потврди неговото присуство на самитот.