Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја започнува тридневната посета на Германија, што е прва посета на француски претседател на Берлин во последните 24 години.
Макрон ќе се сретне со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, со кого ќе посети неколку региони на Германија и ќе ги нагласи добрите и единствени односи меѓу двете земји, објавено е на веб-страницата на германскиот претседател.
Беше најавено дека Макрон и Штајнмаер денеска прво ќе го посетат фестивалот на демократијата во Берлин по повод 75-годишнината од германскиот основен закон и 35-годишнината од мирната револуција во 1989 година која доведе до повторно обединување на двете Германии.