🎥Ники Минаж уапсена поради дрога, снимила се и објавила: „Ме наместија“

НИКИ МИНАЖ е уапсена на аеродромот Шипхол во Амстердам во Холандија, јавуваат локалните медиуми, а пренесува Скај њуз. Раперката го снимила нејзиното апсење и се` објавила на социјалните мрежи. На видеото се слуша како полицаецот ѝ вели: „Ти си приведена“.

“Се обидоа да ме спречат да дојдам на концертот. Ми ги земаа торбите пред да ги видам. Ги ставија во авионот. Сега велат дека чекаат царина. Вака изгледа кога луѓето се дебело платени за да се обидат да ја саботираат турнејата откако сè останато не успеа“, се пожали таа.

Холандската полиција соопшти дека 41-годишна Американка била уапсена под сомнение дека поседувала лесни дроги, но не го наведоа името на жената за која станува збор. Уметницата наводно се подготвувала да лета за Манчестер на концерт во арената Co-op Live каде што требало да настапи.