Шпанската министерка за одбрана, Маргарита Роблес денеска изјави дека во Газа се случува „вистински геноцид“.
Роблес ова го изјави во интервју за ТВЕ, што претставува продолжување на влошувањето на односите меѓу Израел и Шпанија, по одлуката на Мадрид да ја признае палестинската држава, пренесува Тајмс оф Израел.
Ирска, Норвешка и Шпанија во средата соопштија дека ќе ја признаат палестинската држава на 28 мај за да обезбедат крај на израелската офанзива на Појасот Газа и да ги оживеат мировните преговори кои беа закочени пред една деценија.