„14. декември не е реалистичен рок за постигнување целосен договор со Северна Македонија“

Еден од најсериозните кандидати за министер за надворешни работи во новата бугарска влада – Даниел Лорер од „Промената продолжува“ вели дека 14. декември не е реалистичен рок за постигнување на целосен договор со Северна Македонија.

Според него, ќе бидат отворени и дополнителни дискусии во однос на економскиот напредок меѓу двете земји.

„Почитувањето на правата на македонските Бугари е од првостепено значење, рече тој и посочи дека претстојат преговори врз база на факти, а не на шпекулации доколку тие права биле повредени. А разговорите за историјата ќе се движат напоредно, така што и Софија и Скопје ќе бидат задоволни. Патот, не само на Северна Македонија, туку и на Албанија и останатите земји од регионот е кон ЕУ и Бугарија би сакала кога Северна Македонија ќе влезе во тој процес, дека тоа ќе се случува без правата на македонските Бугари да бидат повредени. Но од друга страна, треба да има економска програма, што ќе ја обезбеди економската благосостојба и ние имаме доста кон конкретни планови, тоа да се случи“ вели Лорер.