Израел ќе ги отповика своите пратеници од Норвешка и Ирска, а можеби и од други европски земји, рече денеска министерот за надворешни работи, Израел Кац, откако неколку земји на ЕУ објавија дека ќе признаат палестинска држава, пишува Euractiv.
Кац рече дека потегот на Израел ќе биде „испраќање јасна и недвосмислена порака“ до двете земји дека „Израел нема да молчи пред оние што го поткопуваат неговиот суверенитет и ја загрозуваат неговата безбедност“.
„Ако Шпанија ја следи својата намера да признае палестинска држава, ќе биде преземен сличен чекор против неа“, рече тој.
Кац додаде дека одлуката за признавање на палестинската држава го поткопува правото на Израел на самоодбрана и напорите за враќање на 128-те заложници кои Хамас ги држи во Газа.
„Израел нема да молчи“, рече Кац.
„Ние сме решени да ги постигнеме нашите цели: враќање на безбедноста на нашите граѓани и отстранување на Хамас и враќање на заложниците“, нагласи тој.