Пеп Гвардиола ја доби наградата за најдобар тренер во Премиерлигата, објавено е на официјалниот сајт.
Тоа е петта награда за најдобар тренер за Гвардиола, а доаѓа по неговата четврта последователна титула во Премиерлигата, што е и рекорд во Премиерлигата.
Шпанецот изјави дека и следната сезона ќе ја брани титулата најдобар тренер. Само Сер Алекс Фергусон има повеќе награди од Гвардиола – дури 11.
„Сакам да ја поделам оваа награда, најмногу со Микел Артета, кој заврши одлична работа со Арсенал до последниот натпревар. Тој навистина не натера да ги тестираме нашите граници. Секако, тука е и Клоп, со кој имав многу битки за паметење. Унаи Емери направи големи работи со Астон Вила. Во својата прва сезона во Премиерлигата. Андони Ираола во првата сезона во Премиерлигата беше одличен во Бурнмаут. Беше чест да се натпреварувам со нив и да го освојам овој трофеј. Ќе ја браниме титулата следната година“ – порача Шпанецот.