Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол – најголем број во последните 40 години

Серија од 49 земјотреси се регистрирани синоќа во близина на Неапол, во јужна Италија, без поголема материјална штета, но тресењето на земјата предизвикало паника кај жителите, соопштија тамошните власти.

Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, тоа е најголемата серија земјотреси во последните 40 години.

Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути на длабочина од 2,5 километри, соопшти Институтот.

Неколку минути претходно му претходеше земјотрес со јачина од 3,5 степени, проследен со десетици последователни потреси, пренесува Бета.

Институтот соопшти дека серијата земјотреси започнале синоќа точно во 19 часот и 51 минути во Флегранското Поле кај Неапол, што е вулканска зона во Италија.

Во таа зона на земјотресот живеат околу половина милион луѓе, а за денеска беше соопштено дека училиштата ќе бидат затворени додека се отворени прифатните центри и се поставени шатори на неколку паркинзи.

Флегранските полиња, чија ерупција пред 40.000 години влијаеше на климата на планетата, ги загрижува локалните жители и научниците поради обновувањето на нивната активност поради гасовите што ги испушта магмата, што влијае на пукањето на површината на почвата.

Сценариото за катастрофа, односно исфрлање лава, пепел и камења, е малку веројатно, сепак во блиска иднина, велат експертите.