Акција на косовската полиција и косовската даночна служба денеска во северот на Косово. Истовремено, затворени се 5 филијали на Поштанска штeдилница и Секторот за трезор на Министерството на Република Србија.
Петар Петковиќ потврди дека станува збор за затворање на институции на Република Србија на север, а не за „протерување само на динарот“, окарактеризирајќи ја акцијата како насилна; но за разлика од неговото тврдење дека во поштенските штедилници и трезорот не се пронајдени динари, косовската полиција го тврди спротивното, објавувајќи ги бројките на запленетите пари заедно со фотографии.
Во полициското соопштение се повторува дека „6 експозитури на таканаречената „Поштенска штедилница“ на северот од државата се затворени и од нив е отстранет службениот знак“, пишува Косев.
Во Косовска Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, покрај главната филијала во Митровица има 5 филијали на банката Поштанска штедилница, а шестата е Секторот за трезор на Министерството за финансии на Република Србија во Косовска Митровица.
Во соопштението полицијата додава дека „сите полициски дејствија ќе се спроведуваат во соработка и координација со органите на прогонот“.