Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат финалето на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони.
Завршниот турнир ќе се одржи во Келн (Германија) на 8. и 9. јуни.
На завршниот турнир, во првото полуфинале ќе играат бранителот на трофејот Магдебург и Олборг, а во второто Барселона и Кил.
Финалето е на програмата на 9. јуни од 18 часот, три часа претходно ќе се одигра натпреварот за третото место.
Со делегирањето за ова финале, Николов и Начевски го „затворија кругот“, бидејќи претходно судеа финалиња на Европско и Светско првенство, односно Олимписки игри.