Премиерот Андреј Пленковиќ денеска објави дека на владина седница е одлучено Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања, кој земјата ја претставуваше на годинешната Евровизија, да добие парична награда од 50.000 евра. Но, тој нема да ја прифати.
Вели дека има многумина на кои тоа им треба повеќе отколку нему, а напиша и кому би сакал да му ги донираат парите.
„Ѝ благодарам на хрватската Влада за паричната награда во износ од 50.000 евра. Сепак, не можам да ги прифатам тие пари. Би можел да дадам многу причини зошто, но првата, најважна и доволна е дека има многу други поединци и организации на кои овие пари ќе им помогнат многу повеќе“, напиша тој на „Инстаграм“.