Цели 5 часа траела операцијата на словачкиот премиер Роберт Фицо кој вчера беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава.
Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.
Вицепремиерот Томаш Тараба потврди за Би-Би-Си дека животот на Фицо повеќе не е во опасност.
Тој рече дека едниот куршум поминал низ стомакот, а другиот го погодил зглобот.
– Во текот на ноќта лекарите успеаја да ја стабилизираат состојбата на премиерот, а во овој момент се водат дополнителни активности за подобрување на неговата состојба – изјави министерот за одбрана Роберт Калињак, обраќајќи се на јавноста пред болницата.
Директорката на болницата во Банска Бистрица каде е хоспитализиран словачкиот премиер соопшти дека лекарите 5 часа се бореле за неговиот живот и дека сега неговата состојба сега е стабилна
– Пациентот имаше повеќе прострелни рани. Операцијата траеше 5 часа. Неговата состојба во моментов е стабилизирана, но многу е сериозна – изјави директорката на болницата во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова.
Напаѓачот што изврши атентат врз словачкиот премиер е уапсен на лице место.
Словачките медиуми објавија дека и се работи за 71-годишниот Јурај Цинтула, словачки писател.
Атентаторот на распит рекол дека пукал во премиерот затоа што не се согласувал со политиката на владата.
Цинтула е основач на Литературниот клуб „Духа“ и член на Друштвото на словачки писатели.