Првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо пристигнува во Македонија со комерцијален лет од Истанбул.
Палевски вечерва ќе биде екстрадиран од Турција со редовен лет од Истанбул на скопскиот аеродром во 19:30 часот.
Потоа веднаш ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари, споделија вечерва повеќе медиуми.
Од МВР се уште нема официјална информација.