Пендаровски сè уште е шеф на државата, според официјалниот сајт на Претседателот

Стево Пендаровски сè уште е претседател на Македонија според според официјалниот сајт на претседателот, „pretsedatel.mk“.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 11 мај го доби уверението од ДИК дека на изборите на 8 мај е избрана од граѓаните за нов шеф на државата, а вчера беше инаугурирана во Собранието, по што замина во претседателската вила на Водно.

Екс претседателот Пендаровски замина од вилата, но сè уште е присутен на официјалниот сајт.

Дома во Македонија главно сите знаеме дека Сиљановска е претседателка, но официјалните веб страници на шефовите на државите се нивен и наш „прозорец за светот“.

Моментно, овој официјален државен „прозорец“ го доведува светот во заблуда.