Радев: Нема да се ревидираат договори

„Европската перспектива на РСМ зависи од строгото спроведување на меѓународните договори во кои е членка, како и од одобрените од Европскиот совет во јули 2022 година. Преговарачка рамка, која, за информирање на одговорните институции во РСМ, нема да се ревидира“ изјави утринава шефот на бугарската државата Румен Радев.

Тој наведува дека Република Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност и со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и со другите меѓународни договори што Македонија ги има потпишано.

„Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора да се исполнат“, вели Радев и експлицитно потсетува дека С. Македонија е земја членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните обврски и одговорности.