49% од Бугарите сметаат дека членството во ЕУ е добра работа, а 13% имаат негативен став кон сето тоа.
Ова го покажува истражување на „Евробарометар“ по нарачка на Европскиот парламент, спроведено на крајот на минатата година.
Поддршката за ЕУ во Бугарија, во споредба на 2020 година е за 7% помала, а негативното расположение се зголемува за 4%.
Уделот на бугарските граѓани кои сметаат дека земјата има корист од нејзиното членство во ЕУ и понатаму е висок – 60%.
Бугарските граѓани придобивките од ЕУ ги гледаат главно како можности за работа, подобрена соработка меѓу Бугарија и другите европски земји и одржување на мирот.
Главни приоритети, според анкетираните, се владеењето на правото и слободата на движење – со еднаков резултат од 32%, а второ и трето место се почитувањето на националниот идентитет, културата и традициите во земјите членки и солидарноста меѓу земјите и регионите во Заедницата.