250 евра казна за родителот чие дете е насилно во училиште

Со 250 евра ќе биде казнет секој родител на дете кое се однесува насилно во училиштето, но и ако тој родител не сака да соработува со училиштето или со другите институции.

Со 250 евра ќе биде казнет секој родител на дете кое се однесува насилно во училиштето, но и ако тој родител не сака да соработува со училиштето или со другите институции.

Ова денеска го потврди министерката за образование, Весна Јаневска.

– Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците и мислам дека во овој момент се во Собрание, за да ги до оформат тие предлози и веќе е донесена таа одлука, тие измени ќе се направат и останува казната од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и тоа што е многу важно, повторувам, и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции – рече Јаневска.

Таа претходно најави измени на Законот за основно образование, во кој би се предвидела казна за децата кои се насилни во училиштето, што ќе треба да ја плати родителот.