Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се девет мерки за управување под дејство на алкохол, две мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.