179 казнети возачи во Скопје, 102 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 12 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.