Џорџ Лукас ја доби „Златната палма“ за животно дело

Режисерот, сценарист и продуцент Џорџ Лукас е новиот лауреат на почесната „Златна палма“ за животно дело на Канскиот филмски фестивал, а ова признание ќе му биде врачено на 25 мај на затворањето на фестивалот.

Холивудскиот режисер, кој во мај наполни 80 години, на тој начин влегува во друштво на одбрани лауреати, а пред него наградата за животно дело ја добија и Харисон Форд, Мајкл Даглас, Том Круз, Џоди Фостер, се наведува на веб-страницата на Канскиот фестивал.

Канскиот фестивал наведува дека со задоволство му оддава почит на една од најголемите фигури на современата кинематографија, човек со извонредна кариера, кој комбинира одлична забава и иновации, митологија и модерна технологија.