Претседателот на Украина – Володимир Зеленски синоќа предложи Украина да се откаже од својата кандидатура за приклучување кон воената алијанса НАТО, што е клучното барање на Русија
На сето тоа коментар имаше британскиот премиер Борис Џонсон.
„Разговарав со Володимир (Зеленски) повторно вчера и секако сфаќам што тој вели за НАТО и реалноста на таквиот став. И сите отсекогаш велеа – и ние јасно му ставивме до знаење на Путин – дека нема шанси Украина наскоро да се приклучи на НАТО“ вели Џонсон и додава дека одлуката треба да ја донесе Украина и нејзиниот избран лидер, а Велика Британија ќе ги поддржи во сето тоа.
Украина е во преговори со Русија за договор за прекин на огнот и повлекување, при што Зеленски синоќа изјави дека преговарачките позиции сега „звучат пореални“.