Во сред криза 42 државни институции купиле 142 нови возила за 3,6 милиони евра

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму покажува дека нови 142 патнички возила вредни над 3,6 милиони евра набавиле вкупно 42 државни институции.

Најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи на Владата, која доскорешните „Пасати“ ги заменила со 45 нови „Шкода Суперб Амбишн“.

Кога станува збор за конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила, според истражувањето на ЦГК, дури на 83% од тендерите имало само по една понуда.

Повеќе од 40% од набавените нови возила се поскапи од 30.000 евра.

Трите најскапоплатени возила се „Шкода Суперб ФЛ“ од 47.000 евра и „Мерцедес Ц 180“ од 44.000 евра – и двете на Државата видеолотарија.

На трето место е „Хјундаи Сонада“ на Агенцијата за електронски комуникации по цена од 43.000 евра.

Меѓу фирмите, најголема вредност на договорите и овојпат има „Порше лизинг“ со скоро 2 милиони евра, „МИ-ДА Гранд Моторс“ со речиси 300.000 евра, додека „Аутомобиле-СК“ со 274.000 евра – стои во извештајот на ЦГК.