Џамбаски и ВМРО-БНД протестираа пред домот на Бојко Борисов

Дел од партиските поддржувачи на бугарска ВМРО-БДП, меѓу кои и копретседателите Ангел Џамбаски и Александар Сиди, синоќа протестираа пред куќата на лидерот на ГЕРБ – Бојко Борисов, во софиската населба Банки.

Локалните медиуми јавија дека причината за протестот е одлуката на поранешниот премиер Бојко Борисов и неговата партија, која е главна опозициска сила во бугарското Народно собрание, да поднесат предлог-одлука за одобрување на преговарачката рамка предложена од француското претседателство за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Пратеници на ГЕРБ пристигнаа на протестот, па дојде до расправија меѓу двата табора, по што имаше обвинувања за искинати маици и земање мобилни телефони.

Џамбаски праша како до вчера позицијата на ГЕРБ била непоколеблива, како што заедно ја разработувале за време на нивното заедничко владеење, и праша што се случува од синоќа?

-Што направи Скопје? Ништо. Овие луѓе ни се смеат, ни се потсмеваат, рече тој.