Јужна Кореја има 1.009.688 ковид случаи, а помалку починати од Македонија

Денеска азиската земја – Јужна Кореја надмина 1 милион случаи на Ковид 19 од почетокот на пандемијата, а здравствените власти забележаа рекордни 38.691 нови инфекции.

Првиот случај на инфекција во земјата беше на 20. јануари 2020 година.

Бројот на нови дневни случаи е речиси петпати поголем од две недели порано кога почна да доминира варијантата Омикрон.

Јужна Кореја забележа 1.009.688 случаи на Ковид-19 и 6.873 смртни случаи, помалку во односна на Македонија каде досега над 8.500 граѓани ја загубија борбата со Ковид 19..

Речиси 86 отсто од населението во земјата со 52 милиони жители е целосно вакцинирано.