Јувентус ќе мора да му плати на Кристијано Роналдо 9,7 милиони евра, одлучи италијанскиот суд

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус ќе мора да му исплати на својот поранешен играч Кристијано Роналдо 9,7 милиони евра заостанати плати за сезоната 2020/21, соопшти денеска италијанското правосудство.

Роналдо, кој помина три сезони во тимот од Торино, побарал 19,5 милиони евра, но Арбитражниот суд ја намалил сумата за 50 отсто, пренесува Бета-Франс прес.

Јувентус не сакаше да ја коментира одлуката на судот, но најави дека наскоро ќе излезе со соопштение за медиумите.

Според рангирањето на американскиот магазин Форбс, Роналдо е најплатен спортист во 2023 година со заработка од 136 милиони долари.

По Јувентус, Роналдо се пресели во Манчестер Јунајтед, а моментално настапува за саудиски Ал Наср.