Јовевски, Васиќ, Климовски, Живковска, Витларов, Секуловски, Скендер – предлози за нови уставни судии

На седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата информациите се ќе се разгледуваат предлозите за нови уставни судии во земјава.

Владејачката коалиција ги предлага Љубомир Јовевски, Татјана Васиќ и Фатмир Скендер.

Опозицијата ги предлага Саво Климовски, Родна Живковска, Тодор Витларов и Бранко Секуловски.

На седница на Комисија ќе се утврдуваат предлозите.

Уставниот суд неколку месеци е безмалку блокиран и работи само со четворица судии.

Претседателката Добрила Кацарска повеќепати апелираше до Собранието да избере судии, а неколкупати поради немање доволно мнозинство се одложи и гласањето за некои иницијативи.