Суеверијата за петок 13-ти!

Ако се плашите од петок 13-ти – името на таа состојба се нарекува параскаведекатриафобија.

Верувањата се дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња.

За Јуда, кој го предаде Исус Христос, се тврди дека бил 13-ти гостин на Тајната вечера, па и денес се смета дека не е добро да се биде тринаесетти гостин на масата.

Историскиот број 12 се сметаше за целосен, означуваше совршенство, додека 13, ја нарушува природната хармонија.

Има 12 месеци во годината, 12 олимписки богови, 12 часа на часовникот, 12 апостоли, 12 потомци на Мухамед, 12 хороскопски знаци.

Суеверието во врска со бројот 13 е многу распространето и денес, така што во некои хотели нема соба со тој број, многу високи згради „немаат“ 13-ти кат, туку „скокаат“ директно од 12 на 14 и во некои авиокомпании решија да ја исфрлат несреќната табличка од редот на седиштата на кои треба да стои.

Други веруваат дека сè настанало кога Филип IV Француски уапсил стотици темплари во петокот, на 13 октомври 1307 година.

Друго верување е дека паниката околу тој ден е создадена во 1927 година, кога се случи втората најголема хаварија на берзата. Деловните неуспеси и банкротите ги поттикнаа очајните брокери да се фрлат низ прозорците на зградата на Вол Стрит. Денот беше запаметен како „Црн петок“ и после тоа повторно влеваше страв кај Американците, а скептицизмот се прошири на остатокот од светот, пред се‘ на Европа, каде што петок 13-ти наскоро стана синоним за несреќа.

Овој ден сè уште предизвикува страв кај многу луѓе, па многумина избегнуваат важна работа на тој ден.

Бројот на продадени имоти паѓал на петок 13-ти. Истражувањето покажа дека во периодот од 2005 до 2012 година, на 13-ти петок имало 43 проценти помалку трансакции отколку на кој било друг петок.

Најлошиот ден за продажба на недвижнини, според ова истражување, бил петокот, 13.05.2011 година, кога продажбата на недвижнини паднала за дури 51 процент. Агентите за недвижнини тврдат дека куќите со број 13 не се толку чести.