Новинарот на „Независен“ Мирче Јовановски смета дека централно место во изминатите денови на политички и економски план беше средбата помеѓу тимовите на премиерот Ковачевски и лудерот на опозицијата Христијан Мицкоски во врска со предлозите за решавање на енергетската криза.
На прв поглед се чини дека состојбата требаше да се релаксира, но сведоци сме дека и понатаму двете партии опстојуваат на своите ставови закопани во своите ровови. Првичните оценки беа дека состојбите некако се релаксираат помеѓу двете страни и до таа средба дојде после многу обвинувања, црни кампањи од двете страни преку билборди. Во целиот овој амбиент, сметам дека влијание имаат и состојбите кои се случуваат во рамки на ДУИ, главниот владин коалициски партнер и партија која најдолго е во власта каде се случуваат многу превирања. за неа се очекува до 15 овој месец и некаква разврска. – вели Јовановски.
Треба да се види дали ќе дојде до промени, со оглед дека клучните економски ресори ги држат луѓето од оваа партија, смета Јовановски.