Романот „Денот на црвот“ на Симона Јованоска е роман на годината, во конкуренција од 39 романи. Роман кој метафорички ги доживува приказните.
„Црвот е приказна во еден ден, која по некоја случајност започнува со ликот на црвот, кој има човечки карактеристики. Се случи мое внатрешно ослободување, во 2020 година, кога започна пандемијата, со локдаунот, некакво ослободување кое се случува со црвот се случи и кај мене“ вели авторката Јованоска во најновото издание на Трилинг.
Во врска со ликовите во романот, таа вели:
„Инспирацијата е или ja имаш или ja немаш, никогаш наменски не црпам инспирација. Низ секојдневна интеракција, филмови, серии, читање книги, некогаш дури темпото е преинтензивно. Го собирам сето тоа и во одреден момент сето тоа излегува во вид на приказна. Ако чувствувам дека може таа да се расплини, може да премине во роман, ако не – ќе се задржам на расказ. Ликовите мене некои ми се многу далечни, бизарни, тоа е мој начин на кој сакам да се дистанцирам за да добијат свој идентитет. Немам формула по која се водам. Најверојатно сум ослободена од книжевни притисоци, јас сум секогаш отворена за нови работи“ вели Јованоска.