Јовановски: Автобусите остануваат кај „Мавровка“ се до изнаоѓање решение

„Во овој момент влегуваме во Град Скопје, а нашите автобуси остануваат паркирани кај крстосницата во близина на „Мавровка“ – изјавил за МКД.мк директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски.

Тој не прецизира дали денеска ќе има решение на проблемот.

Приватните автобуси на „Слобода превоз” од рано утрово создадоа сообраќаен метеж во центарот на Скопје паркирајќи ги своите автобуси на крстосницата кај „Мавровка”. Според најавите што беа дадени претходно, протестот ќе трае до изнаоѓањето на решението за нивното барање.

Минатата недела претставници на приватните превозници имаа средба со координаторите на советничките групи во Советот на Град Скопје на која средба биле изложени не само ставовите на превозниците, туку и биле информирани од Јовановски дека градоначалничката Данела Арсовска изнела невистините тврдења и обвинувања според кои приватните превозници должеле пари затоа што не издавале фискални сметки за продадени билети и дека затаиле данок.

Приватните превозници ниту имале билети, ниту можеле да ги продаваат, туку билети имале само билетарниците на ЈСП и возачите на градското претпријатие, рече тогаш Јовановски.