Највозрасната личност на светот – Јапонката Кане Танака вчера го прослави својот 119. роденден. Таа рече дека е решена да го продолжи рекордот барем за уште една година.
Танака, како што наведуваат нејзини блиски, ужива во газирани пијалаци и чоколадо, а вчера го одбележала својот роденден со вработените во домот за стари лица во префектурата Фукуока, во југозападна Јапонија.
Гинисовата книга на рекорди, статусот на Јапонката го призна во март 2019 година, кога таа имала 116 години, па оттогаш само продолжува да го надградува рекордот.
Родена на 2. јануари 1903 година.