Столтенберг до лидерите од Западен Балкан: Посветете се на реформите!

Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО во интервју за црногорскиот весник „Побједа“ ги повика лидерите на Западен Балкан да покажат посветеност на реформите и на помирувањето. Тој смета дека растот на тензии во Косово и во БиХ и „агресивната реторика ги стопираат реформите“, како и присуството на „странски актери кои работат на поткопување на напредокот“.

Столтенберг вели и дека Црна Гора е „посветен партнер“ и Подгорица може секогаш да смета на поддршката на Алијансата.

Столтенберг посочи дека има „редовен дијалог“ со српскиот претседател Александар Вучиќ и оти НАТО „во целост ја почитува“ политиката на неутралност на Белград, а Алијансата е посветена на изградба на „силно партнерство“ со Србија.

„Тоа ќе има и негативни последици за нејзината економија и регионалната стабилност. Затоа, ние сме целосно посветени да продолжиме да ги поддржуваме сите напори за унапредување на реформите и обезбедување ефикасно функционирање на државните институции. Ги повикуваме политичките лидери да работат конструктивно и да покажат политичка волја за доброто на сите во БиХ за унапредувањето на евроатлантските аспирации“ вели Столтенберг.