Јаневски: Во државата нема мерни единици кои покажуваат колку е загаден воздухот
„Евидентно е дека произведената електрична енергија ја добиваме од РЕК Битола и ТЕЦ Неготино со загадување и јаглен од увоз, а мерните станици кои ги немаме треба да покажат колку е загаден воздухот во Македонија“. Ова го изјави директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.
„Каква е логиката од субвенционирање на клима уреди кога енергијата не ја добиваме од обновливи извори. Овие средства во буџетот на градот треба да се пренаменат за поставување на фотоволтаици по училиштата и со заштедата на енергија ќе го намалиме загадувањето во државата. Затоа ова и не е некое решение за поздравување. Рекордни 24 милиони денари издвојува Град Скопје од буџетот за 2022-ра година за субвенции за купување инвертер – клима уреди. Ова е најголема сума на средства кои биле издвоени во изминатите години“, напиша Јаневски на својот Фејсбук профил.