Националниот сервис – МРТ во специјална емисија и ги претстави на македонската јавност шесте песни кои се во трка да бидат претставник на Македонија за овогодишниот Евросонг во Торино, Италија.
За настап на евровизиската сцена се борат: Ris Flower, Kaly, Лара Иванова, Yon Idy, Виктор Апостоловски и Андреа.
Платформата за гласање е отворена 7 дена од промоција на песните, односно од 28.01 во 22 часот до 04.02. годинава.
Гласовите на евровизиските фанови се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири.
Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50).
Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино.
Доколку дојде до изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири.
Ова се шесте песни – кандидати за пат во Торино: