Ѓорѓиевски: Се исклучува можноста урбана мафија да црта ДУП-ови во Кисела Вода!

„Се надевам дека владата нема да дозволи политиката да се вмеша кога станува за доброто на граѓаните. Бев свесен за лошата финансиска ситуација во општината. Се бориме од ништо да направиме нешто. Јас не сум кажал дека сум зависен од Владата, и ако не ми дадат помош, дека општината ќе пропадне. Се соочив со долг од 3 милиони евра за ништо не сработено во 4 години“ – вели градоначалникот на скопската општина Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски во интервју за Трилинг.

За локацијата Расадник, тој вели дека како локално раководство е зададен силен удар иако се мета на притисоци, закани.

„Сите ДУП-ови направивме јавно да се достапни, ако во минатото праксата била ДУП-овите да се креираат од канцеларија, сега ги креираат граѓаните. Финишира постапка за објавување на меѓународен конкурс за идејно решение за Расадник, нешто што не е случено 50-тина години. На ова се исклучува урбана мафија да црта ДУП-ови“ вели Ѓорѓиевски.