Ѓорѓиевски за Ерусалим пост: Сакам Скопје да биде попаметен, почист и поорганизиран град
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од Израел порача дека главниот град мора да стане помодерен, пофункционален и подобро подготвен за справување со кризни ситуации, истакнувајќи дека посетата на конференцијата MUNI EXPO 2026 има цел да донесе конкретни решенија што ќе го подобрат животот на граѓаните.

Тој нагласи дека во Израел дошол со намера да учи од искуствата на локалните власти кои се стекнати во реални и сложени околности, додавајќи дека најголем интерес има за подобра координација меѓу институциите, управување со кризи, паметни технологии, сообраќај, јавна безбедност, управување со отпадот и водните ресурси.
Според Ѓорѓиевски, израелските градови покажуваат дека локалната власт мора да биде подготвена уште пред да се случи кризата, а не да импровизира кога веќе е предоцна. Како главен град, Скопје, рече тој, мора да изгради систем што ќе може брзо да реагира при пожари, природни непогоди, загадување, сообраќајни колапси и сајбер-закани.
Говорејќи за иднината на европските градови, градоначалникот оцени дека најголемите предизвици ќе бидат мобилноста, загадувањето, инфраструктурата, безбедноста и квалитетот на живот. Според него, целта е Скопје да стане почист, позелен и подобро организиран град.
„Не верувам во големи зборови без реализација. Верувам во ред, работа и конкретни резултати“, истакна Ѓорѓиевски.
Извор: Скопје1.мк