
ЗНАМ: Европската иднина на Македонија се гради со силни институции, национално достоинство и државничка визија
Втората панел-дискусија од националниот караван на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија претставува продолжение на непосредниот дијалог со граѓаните низ државата, со цел заедничко креирање политики за модерна, стабилна и просперитетна Македонија, велат од ЗНАМ.
Втората панел-дискусија од националниот караван на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија претставува продолжение на непосредниот дијалог со граѓаните низ државата, со цел заедничко креирање политики за модерна, стабилна и просперитетна Македонија, велат од ЗНАМ.
Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакнал дека Македонија има јасна европска определба, но дека тој пат мора да биде пат на самоуверена, достоинствена и суверена држава.
-Нашиот пат кон Европа е пат на модернизација, на владеење на правото, на силни институции и создавање подобри услови за живот за секој граѓанин. Но, европската интеграција не смее да биде процес на губење на сопствената суштина. Македонскиот јазик, македонската култура, нашата историја и нашата државотворна традиција се темелите врз кои ја градиме иднината – порачал Димитриевски.
Тој нагласил дека вистинското државништво подразбира способност да се обедини европската перспектива со јасната свест за сопствениот идентитет.
-Европа не треба да биде простор во кој ќе се изгубиме, туку простор во кој ќе го афирмираме она што сме. Македонија може и мора да биде европска според своите стандарди, институции и вредности, но истовремено автентична според својот јазик, култура, историја и национална посебност. Во европското семејство сакаме да влеземе како рамноправен партнер – со јасна свест за тоа кои сме и со силна определба за тоа каде одиме – истакнал претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски порача дека ЗНАМ ќе продолжи да ја гради својата политика врз принципите на одговорност, чесност и работа, како основа за враќање на довербата во политиката и институциите.
-Не се бориме за привремени политички позиции, туку за трајни вредности. Нашата цел е да изградиме држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина, во која институциите ќе бидат вистински сервис на граѓаните, а успехот ќе биде резултат на знаење, труд и посветеност. Македонија заслужува политика која гледа подалеку од еден мандат и работи за
генерациите што доаѓаат – порачал Димитриевски.
Во рамки на панел-дискусијата свои излагања имаа и генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, како и потпретседатедателот на Движењето ЗНАМ, Борче Серафимовски.
Тие говореа за реформските процеси во јавната администрација и земјоделството, нагласувајќи дека европската перспектива на Македонија е условена од изградба на професионални институции, економскиот развој и ефикасна администрација која е во интерес на граѓаните.
Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува во повеќе градови низ државата, како платформа за отворен разговор со граѓаните и заедничко обликување на визијата за Македонија, европска според своите стандарди, силна според своите институции и достоинствена во зачувувањето на своите национални вредности.