„Дефиниција за корупција е присвојување на јавни добра за приватни потреби. Не можете некого да го ограничите со кого ќе пие кафе, но не може да одите заеднички на гледање натпревари и да седите заедно so саати, вие сепак извршувате некоја функција, таа не престанува со завршување на работното време. Овде постои отсуство на етички и морален критериум“ – вели Сирма Ѓорѓиева Антонијевиќ, експерт за борба против корупција во најновото издание на Трилинг во врска со аферата „Палермо“.
Таа смета дека „ако се нема транспарентност и ако не се дава отчет до јавноста, ако не се обелодени докрај сето ова, тогаш праќаме многу лоша порака“.