Најдобриот светски тенисер во моментов – Србинот Новак Ѓоковиќ зборуваше отворено за своите најголеми ривали во кариерата, Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал.
Тој нема дилема кој му е поголем ривал.
„Секогаш сме се натпреварувале добро. Федерер и Надал отсекогаш биле таму, но за мене Надал е мојот најголем ривал во кариерата. Созреав како играч затоа што тој ме турна да одам во таа насока“ – изјави Ѓоковиќ.
Српскиот ас кога станува збор за повлекувањето од активното играње тенис вели: „Не се чувствувам како да сум на крајот од кариерата, годините се обична бројка“.
Тој во Париз доаѓа во вистинскиот момент на вториот годинешен грен слем (првиот во Австралија го пропушти), на Ролан Гарос.
По триумфот на Мастерсот во Рим и првата титула сезонава влезе во 370-та недела од владеењето на АТП листата. Во Париз ќе ја брка 21-та грен слем титула.