Еднодневен штрајк на околу 50.000 вработени во здравствени домови, болници, установи за социјална заштита, центри за социјална работа и аптеки во Словенија по неуспешните преговори за платите со Владата.
Штрајкот ќе трае од 7 до 19 часот во здравствените домови и болниците, а ќе се обезбедува само итна медицинска помош. Информациите се дека аптеките ќе работат со работно време како во недела, а социјалните институции во намален обем ќе вршат само законски задолжителни задачи.
Тамошниот министер за здравство вели дека не гледа причина за штрајкот и оцени дека одлуката на синдикатот да ги прекине преговорите со Владата е избрзана. Сличен став изнесе и министерот за труд.
Словенечката Влада е под притисок од различни синдикати да ги зголеми платите поради повисоките животни трошоци и зголемената инфлација.