Шефицата на бугарската дипломатија има корона
Теодора Генчовска – министерката за надворешни работи на Бугарија е позитивна на Ковид-19.
Од тамошното МНР соопштија дека таа е вакцинирана со две дози вакцина против коронавирус.
Генчовска ќе остане под лекарски надзор, и во изолација.
Нејзината функција во тој период ќе ја извршува заменичката Ирена Димитрова.